Дома Топ вести Ла Лига со официјално соопштение: Меси не може да си оди бесплатно

Ла Лига со официјално соопштение: Меси не може да си оди бесплатно

„Војната“ на релација Меси – Барселона ја тресе цела шпанија, а денес и Ла Лига излезе со соопштение околу целата ситуација.

Меси пред неколку дена официјално побара раскинување на договорот со Барселона и сака да го напушти „Камп Ноу“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинецот сака да ја искористи клаузулата во својот договор и да го раскине договорот со Барселона една година пред истекот, но од клубот сметаат дека рокот поминал на 1 јуни.

Денес со официјално соопштение излезе и шпанската Ла Лига, која потврди дека Меси и понатаму има важечки договор со Барселона кој трае до јуни 2021 година и доколку сака да си замине новиот клуб ќе мора да плати 700 милиони евра колку што изнесува клаузулата за Аргентинецот.

Единствен начин Меси да си замине од Барселона пред истекот на договорот е некој да ја плати откупната клаузула. Сепак, ова не го менува ставот на Меси кој сака по секоја цена да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Александер-Арнолд го напушти теренот само по три минути игра – колку долго ќе отсуствува?

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26) мораше да излезе од игра по неполни три минути на натпреварот…