Дома Фудбал Ла Лига за рекордна сума ги продаде ТВ правата

Ла Лига за рекордна сума ги продаде ТВ правата

Шпанската Ла Лига се договорила за продажба на телевизиските права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра за следните пет години.

Раководството на натпреварувањето објави дека станува збор за рекорден договор за следните пет години. Претходниот тригодишен договор со „Теlefonica“ потпишан во 2018 година изнесуваше 2.9 милијарди евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно е што за разлика од германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига кои забележаа пад на цената во новите договори, Ла Лига постигна рекорден договор. Кога е англиската Премиер лига во прашања тие го променија својот пакет за истите финансии за следните три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година…