Лејкерси дојдоа до водство од 1:0 во НБА финалето откако во првиот натпревар го победија Мајами Хит со 116:98.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мајами одлично влезе во натпреварот. На отварањето имаше плус 13 (12:25), но потоа застанаа и беа непрепознатливи во продолжение.
Лејкерси до крајот на првиот период го преземаа водството, кое само уште еднаш го испуштија во текот на втората четвртина, но до крајот на натпреварот покажаа надмоќ над хит. Разликата одеше и до 32, а на крајот екипата од Мајами успеа да ја спушти на пристојни 18 разлика.
Дополнителен проблем во овој натпревар за Хит се повредите на Драгиќ и Батлер. Драгиќ го повреди стапалото и не е познато дали ќе се врати во оваа серија, додека Батлер натпреварот го заврши со повреда на скочниот зглоб.
Лејкерси до победата го предводеа Ентони Дејвис со 24 поени и девет скокови, додека Леброн имаше учинок од 25 поени, 13 скокови и девет асистенции.
Кај Хит, Џими Батлер запиша 23, а Кендрик Нун имаше 18 кошеви.