Дома Фудбал Италија Лацио потврди: Сари добива нов договор

Лацио потврди: Сари добива нов договор

Тренерот на Лацио, Маурисио Сари наскоро ќе стави потпис на нов договор со римскиот клуб до 2025 година, пренесува „Газета дело Спорт“.

Сари минатото лето потпиша за две сезони со Лацио, а и покрај лошиот старт на сезоната, Лотито реши да продолжи соработката со искусниот стратег.

„Запознав човек кој може да направи разлика во светот на фудбалот. Тој го живее фудбалот страстно, а ако некој мисли дека е на работ, го уверувам дека не е. Добив дозвола да му го продолжам договорот на две години“, откри Лотито.

„Газета“ тврди тврди дека двете страни веќе постигнале договор и се очекува официјализација во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул продолжува да се интересира за Баркола. ПСЖ го држи надвор од тимот

Бредли Баркола останува главна цел на Ливерпул во последните денови од трансфер периодот. …