Дома Трансфер зона Лаутаро одбива да го продолжи договорот, три гиганти спремаат понуди

Лаутаро одбива да го продолжи договорот, три гиганти спремаат понуди

Лаутаро Мартинез ја одби првата понуда на Интер за продолжување на договорот, а тоа го вклучи алармот кај многу европски гиганти.

Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека голгетерот се премислил и откако ја увидел ситуацијата на пазарот побарал зголемување во однос на договорените осум милиони евра од претходно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лаутаро побарал плата од десет милиони евра годишно плус бонуси, која Интер не може да си ја дозволи во моментов.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои се спремни да му понудат многу повисока плата.

Лаутаро има договор до летото 2026 година, па Интер не е приморан да го продава, но споменатите клубови се спремни да понудат 120 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…