Дома Фудбал Лаутаро: Меси ме сакаше во Барселона

Лаутаро: Меси ме сакаше во Барселона

Напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација, Лаутаро Мартинез призна дека можел да се пресели во Барселона по барање на Меси.

Лаутаро пред една година гласно беше поврзуван со трансфер во Барселона, но после заминувањето на Меси од „Камп Ноу“, Аргентинецот го продолжи договорот со Интер до 2026 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Вистина е, Меси ме сакаше во Барселона. Зборувавме многу пати додека бевме заедно во репрезентацијата. Тој ми ја објаснуваше ситуацијата во клубот, но трансферот не се случи“.

„Почнав преговори со Интер за нов догово и се чуствувам среќен тука. Многу сум среќен што останав и моето семејство исто така“, изјави Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…