Дома Фудбал Лапорта призна дека го направил првиот контакт со Меси

Лапорта призна дека го направил првиот контакт со Меси

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта веќе го направил првиот контакт со капитенот Лионел Меси после победата на изборите.

„Лео веќе ми честиташе за успехот“, потврди Лапорта за „Радио Каталуња“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Приоритет на Лапорта во првите месеци секако ќе биде да постигне договор со легендата за да остане на „Камп Ноу“, бидејќи договорот на Меси истекува во јуни.

„Не сака да зборувам дали Чави Ернандес ќе се врати во клубот, бидејќи не сум ветил ништо на никого. Клубот не се управува добро во моментов и потребно е да донесеме некои одлуки. Потоа ќе направиме план за да може клубот да биде економски стабилен“, истакна Лапорта.

Лапорта потвди дека денес ќе го посети тимот за да разговара со фудбалерите и тренерот Роналд Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело: Јуве – Милан? Неверојатно досадно, во Италија нема квалитетни играчи

Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Фабио Капело, не беше импресиониран од дербито на …