Дома Фудбал Лапорта: Знаеме што треба да направиме во ваква ситуација🎥

Лапорта: Знаеме што треба да направиме во ваква ситуација🎥

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта имаше видеообраќање во кое ги повика фановите да бидат трпеливи и да му дадат поддршка на тимот.

Барселона се наоѓа во многу тешка ситуација. Доживеа тежок пораз во ЛШ, а синоќа се спасуваше од пораз против Гранада на „Камп Ноу“.

„Ве молам да продолжите да му давате поддршка на нашиот тим, бидејќи имаме потреба од сите вас. Знаете дека поминуваме низ тежок период и точно во вакви моменти треба да бидеме до нас. Бидете сигурни дека ќе се обидеме да се вратиме на победите уште на мечот со Кадис. Исто така ве молам да останете смирени и да имате трпение. Знаеме што треба да направиме во ваква ситуација и ќе ја решиме. Многу ви благодарам, да живее Барса“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …