Дома Фудбал Лампард: Анчелоти може да работи каде што ќе посака

Лампард: Анчелоти може да работи каде што ќе посака

Отказот на Карло Анчелоти во Наполи го коментираше и тренерот на Челси, Франк Лампард.

Италијанецот со Наполи синоќа го победи Генк со 4:0 и избори пласман во плеј-офот во ЛШ, а како награда за тој успех на крајот од Де Лаурентис заработи – отказ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сценариото е такво какво што се очекуваше, со оглед на тоа што Анчелоти неодамна го поддржа штрајкот на фудбалерите против првиот човек на клубот, а за нов ангажман нема да чека долго, бидејќи уште сега се шпекулира дека ќе го наследи Емери на клупата на Арсенал.

Тренерот на Челси, Френк Лампард даде свој коментар на прашање за иднината на Анчелоти.

“Имам голема почит кон Анчелоти. Многу ми е жал за него. Последните месеци воопшто не беа лесни за него.”, рече Лампард на прес-конференција и додаде:

„Таков тренер може да работи на кое било место на светот. И тоа на највисоко ниво“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…