Дома Останати Ракомет Лазаров по двата порази од Романија: Задоволен сум

Лазаров по двата порази од Романија: Задоволен сум

Македонија беше поразена во двете контролки против Романија пред двомечот со Фарски Острови за Светското првенство, а селекторот Кирил Лазаров и покрај поразите задоволен е од она што го видел на теренот.

Нашата селекција овие два натпревари ги одигра без неколку клучни ракометари и селекторот е задоволен од желбата и ангажманот кој го покажал целиот тим.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај.

Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација

Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен.

Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство.

Задоволен сум од желбата  ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…