Ракометната репрезентација на Македонија доби тешка група на Европското првенство во 2024 година, но ќе има посебна чест да игра на фудбалски стадион пред 50.000 гледачи.+
Македонија ќе игра во група со Франција, Швајцарија и домаќинот Германија, а токму поради тоа што ќе бидат во група со домаќинот момците на Лазаров ќе имаат чест да бидат дел од натпревар со кој ќе се постави рекорд во ракометниот свет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ждребот за распоредот сакаше Македонија да има привилегија да игра против Франција во првото коло на 10-ти јануари на „Меркур шпил-Арената“ во Диселдроф која собира 50.000 гледачи.
Според најавите во тој прв ден на Европското првенство планирано е домаќинот Германија да ја отвори програмата со натпреварот против Швајцарија, а во вечерниот термин да играме ние против Франција, Натпреварите од второто и третото коло продолжуваат во Берлин. На 14-ти јануари ќе играме против Германија, а два дена подоцна против Швајцарија.
РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА:
10-ти јануари: Македонија – Франција
14-ти јануари: Германија – Македонија
16-ти јануари: Македонија – Швајцарија