Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Имам стратегија, ќе се обидеме да изненадиме!

Лазаров: Имам стратегија, ќе се обидеме да изненадиме!

Македонската ракометна репрезентација денес ги започнува подготовките за Светското првенство кое ќе се игра во јануари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ждребот не донесе некоја поволна ждрепка за нас, но селекторот Лазаров се надева дека можеме да бидеме изненадување.

„Кај ракометарите видов желба и мотивираност за докажување и тоа многу ме радува. Самиот пласман на Мундијалот е успех, ќе направиме се да се пласираме во вториот круг. Сигурно нема да биде лесно, но ќе се обидеме да изненадиме како атусајдери.

Имам стратегија и се надевам дека ќе ги одработиме подготовките онака како што планирам. Помладите играчи добиваа самодоверба во изминатата година и тие ги извлекоа натпреварите со Романија и Чешка. Напредувавме многу, тоа го покажавме и со доминантните победи Турција и Луксембург“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…