Дома Македонски спорт Лазаров го избра составот за Данска: Се враќа Миркуловски, има и еден дебитант

Лазаров го избра составот за Данска: Се враќа Миркуловски, има и еден дебитант

Новиот селектор на Македонија, Кире Лазаров денес ќе го има своето деби на оваа позиција против олимпискиот и светскиот шампион, Данска.

Натпреварот е закажан за во 20:00 часот, а Лазаров го објави составот за овој дуел. Во репрезентација се враќа Филип Миркуловски, како и Манасков, а дебитант ќе биде Игор Ѓоргиев, член на Голден Арт КЛ7. Кизиќ, Серафимов, Алваро, Мишевски, Крстевски и Ѓорговски отпаднаа од поширокиот список.

Ќе го нема и Димитар Димитриоски кој нема да биде на располагање за двата дуели со Данците поради повреда на коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…