Дома Луд Спорт Кучето на Сала доби нов дом (фото)

Кучето на Сала доби нов дом (фото)

0

Семејството до последен момент се надеваше дека Емилијано е жив, но вчера и официјално заврши потрагата откако беше извадено мртво тело во остатоците од авионот.

Се уште не е потврдено дали станува збор за фудбалерот или за пилотот Дејв Иботсон, тоа ќе ги покаже обдукцијата.

Пред неколку дена, додека траеше потрагата, Ромина Сала испрати емотивна порака што никого не остави рамнодушен. Таа објави слика од неговото куче Нала, која се уште го чека Емилијано да се врати дома.

Кога пред четири години се пресели во Нант, Сала живееше сам. Набргу го доби верниот пријател. И Нала со него требаше да отпатува во Кардиф.

„Нала, неговата верна сопатничка, сега е дел од нас и нашето семејство. Никогаш не помисливме да ја дадеме на посвојување“, напиша Ромина Сала.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Тажни вести од Русија: Млада атлетичарка почина на тренинг!

22-годишната руска атлетичарка, Маргарита Плавунова почина на тренинг во местото Моршанск …