Дома Фудбал Кутроне: Милан не ме сакаше, морав да заминам

Кутроне: Милан не ме сакаше, морав да заминам

Mладиот напаѓач Патрик Кутроне изјави дека минатото лето бил присилен да го напушти Милан.

Кутроне е производ на школата на Милан и поради својата пожртвуваност стана миленик на навивачите, но после 12 години го напушти клубот и се пресели во Вулверхемтон.

Сега во разгвор за „Дејли Мејл“ призна дека му било тешко што го напуштил Милан, но бил приморан да го направи тоа бидејќи му станало јасно дека е непожелен.

„Во еден момент ме ставија во ситуација да си кажам: Во ред, си одам…Сега не знам да објаснам што точно се случи, но после сите разговори тоа беше единствениот излез. Бев свесен за интересот на Вулверхемптон. Во животот некогаш морате да носите тешки одлуки, мене ми беше посебно тешко затоа што со сите играчи на Милан имав супер однос, како и со навивачите“, изјави Кутроне и порача дека секогаш ќе биде миланиста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќта кога пукна во Селтик: Роџерс замина, О’Нил се врати од пензионерскиот мир

Пред точно една година, оставката на Брендан Роџерс го потресе Селтик, а клубот побара при…