Дома Фудбал Кутињо уште вечерва би можел да дебитира за Барселона

Кутињо уште вечерва би можел да дебитира за Барселона

Бразилскиот играч, Филипе Кутињо вечерва би можел да дебитира за новиот клуб.

Кутињо неодамна од Ливерпул се пресели во Барселона, а поради проблеми со повредата не тренерише некое време. Сепак, овој викенд се врати на тренинзите, а изгледа дека конечно потполно е подготвен и може да игра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Доказ за тоа е фактот дека тренерот Ернесто Валверде го стави на списокот на играчи за вечерашниот натпревар. Барселона вечерва во рамките на реваншот од четвртфиналето на Купот на Кралевите играше на домашен терен против Еспањол. Потсетуваме, екипата од „Камп Ноу“ беше поразена на првиот натпревар со 1:0.

Во Барселона се надеваат дека нема да завршат како Реал Мадрид, кој синоќа беше елиминиран од Купот на Кралевите од Леганес и тоа откако што победи во првиот натпревар со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати сите двојки за осминафиналето на Африканскиот куп на нации

Со завршувањето на натпреварите во групната фаза на Африканскиот куп на нации, сите двојки…