Дома Фудбал Кутињо воодушевен: Со секој нов ден Меси е се подобар, се обидувам да учам

Кутињо воодушевен: Со секој нов ден Меси е се подобар, се обидувам да учам

Бразилецот Фелипе Кутињо конечно после долгите преговори помеѓу Ливерпул и Барселона се пресели на „Ноу Камп“.

Кутињо веќе се запозна со своите нови колеги, а во прилагодувањето му помага и неговиот соиграч од времето во Ливерпул, Луис Суарез.

Бразилецот за шпанските медиуми искажа воодушевување од новите соиграчи, а посебно го пофали Лионел Меси.

„Навистина е неверојатно, но Меси секој нов ден е се подобар го користам секој момент за да научам нешто ново. Учам од сите и се обидувам да го искористам тоа. Освен соиграчите и Валверде е одличен и знае на која позиција треба да играм“, изјави Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се откажа од дебатата за улогата на Кимих во Германија

Јирген Клоп ја изрази својата фрустрација од постојаните прашања за иднината на Јошуа Кими…