Голманот на Челзи, Тибо Куртоа изјави дека тимот е подготвен да се бори за тренерот Антонио Конте за кого се почесто се шпекулира дека може да замине од „Стенфорд Бриџ“.
„Ние сме подготвени да се бориме за нашиот тренер. Конте има целосна поддршка од своите играчи. Ние сакаме да покажеме дека сме зад Конте и мислам дека победата над Вотфорд е добар почеток. Инаку, знаете што ќе се случеше ако не победивме и на овој меч. Секој менаџер ги следи сопствените принципи. Со Антонио ние главно работиме на тактиката и сме среќни со тоа“, изјави Куртоа.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Челзи после девет кола во Премиер лигата се наоѓа на 4-то место со 16 бода, девет помалку од лидерот Манчестер Сити.