Вчера заврши третото коло од Мундијалот во Русија, а тука заврши и групното натпреварување, па веќе од утре се селиме во нокаут фазата.
Најголемо изнендување во групната фаза беше елиминацијата на Германија, а тоа беше голем удар и за многу обложувачи кои веруваа во оваа репрезентација. Имено пред почетокот на Мундијалот, Германија и Бразил беа први фаворити за освојување на пехарот, а веќе сега е елиминирана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светските букмејкери направија големи измени во коефициентите за останатите репрезентации, а улогата на фаворит повторно ја има Бразил.
Според најдобрата и најстарата онлајн обложувалница Bet365, репрезентацијата на Бразил има најголеми шанси за да биде победник на групата, па затоа коефициентот и не е толку голем, односно 4.50. После Бразил следува репрезентацијата на Шпанија за која се нуди коефициент во вредност од 5. Третото место е за „фаворитот од сенка“ Белгија и коефициентот 7.50.
Како најголем аутсајдер е репрезентацијата на Јапонија и коефициентот е 126, а пред неа се наоѓа репрезентацијата на Данска со коефициент вреден 81.
Сметаме дека потценета е репрезентацијата на Хрватска која во групната фаза прикажа одлична игра и високи амбиции. Bet365 ги ставиле Хрватите на шестото место со кеофициент вреден 13.