Поранешниот тренер на Интер и Тотенхем, Антонио Конте е се погласно се најавува како нов тренер на Наполи.
На почетокот на оваа сезона Конте одби да го преземе клубот од Неапол, но се чини дека ситуацијата е променета откако постојано има контакти меѓу двете страни, односно првиот човек на клубот Аурелиус де Лаурентис и италијанскиот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „Ил Матино“, Конте добил голема понуда од Де Лаурентис. Наводно ќе има целосна контрола врз трансфер политиката, поточно ќе може да одреди кој ќе дојде во клубот и кој евентуално да биде продаден. Бидејќи долго време не добил понуда во која ќе има комплетна контрола Конте наводно е и тоа како заинтересиран.
Се разговарало и за условите, а тие подразбираат 8.000.000 евра по сезона. Исто така, се наведува дека односите помеѓу него и Де Лаурентис се одлични и дека формално ќе разговараат за понудата на крајот од тековниот месец.