Дома Трансфер зона Конечно славје на „Емирати“ – пристигна големо засилување!

Конечно славје на „Емирати“ – пристигна големо засилување!

Александре Лаказет денес пристигна во Лондон каде во наредните часови треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро информираниот „Би-Би-Си“ потврди дека Лаказет утрово пристигнал во тренинг кампот на Арсенал и дека во текот на денот ќе бидат познати сите детали.

Според првичните информации Арсенал за Лаказет ќе плати 53 милиони евра, па така Французинот ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот.

Лаказет ќе потпише договор на 5 години, а медиумите најавуваат дека следна цел на Арсенал ќе биде Ријад Марез од Лестер, па доколку навистина пристигне и Алжирецот, „топџиите“ ќе формираат „напад од соништата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…