Дома Фудбал Конечно добри вести и за Лопетеги пред „Ел Класико“

Конечно добри вести и за Лопетеги пред „Ел Класико“

Сепак, не е се така „црно“ за човекот кој за многмина е отпишан.

Според голем дел од светските медиуми, Јулиен Лопетеги после натпреварот против Барселона ќе заработи отказ, но тој секако нема да се предаде.

Лопетеги сега доби добри вести и тоа од болницата на „кралевите“.

Имено, медицинскиот тим на Реал даде зелено светло за враќање на Марсело на терен, па Бразилецот ќе настапи во претстојното „Ел Класико“.

Многумина во Мадрид стравуваа дека левиот бек може да го пропушти големото дерби бидејќи во неделата се здоби со повреда на скочниот зглоб.

Меѓутоа, повредата не е од сериозна природа, па Марсело сепак ќе биде на теренот.

Од друга страна Иско и Маријано многу веројатно ќе го пропуштат овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси го заврши репрезентативното патување со стил

Лионел Меси постигна гол и две асистенции во последниот натпревар за Аргентина, победувајќ…