Дома Фудбал „Колку што знам Алаба од Баерн одби 19 милиони евра“

„Колку што знам Алаба од Баерн одби 19 милиони евра“

Давид Алаба од наредната сезона нема да го носи дресот на Баерн.

Раководството на баварскиот клуб одлучи да ги заврши преговорите со австрискиот фудбалер откако тој и неговиот агент Пини Захави ги одбија претходните понуди.

Понудата од Баерн за Алаба била навистина неверојатно. Му нуделе плата од 17 милиони евра, плус бонуси. Експертот Алфред Дракслер за ТВ емисијата „Допелпас“ откри детали од договорот.

„Колку што знам, Алаба одби 19 милиони евра кога ќе се пресметаат бонусите, односно 17 фиксни. Кога играш за Баерн, бонусите се исто така загарнтирани пари. Но, тоа е што е. Пини Захави се коцкаше и бараше повеќе пари, поради тоа се пропадна“, соопшти Дракслер.

Сумата која Алаба ја барал е навистина преголема, Австриецот сакал плата од 25 милиони евра со што би станал најплатен во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…