Дома Фудбал Клубот се пошегува со тренерот за 1. април, а тој ги спакува куферите и замина

Клубот се пошегува со тренерот за 1. април, а тој ги спакува куферите и замина


Првоаприлските шеги често знаат да направат вистински хаос во светот на спортот.

Често се случувало да дојде до некои големи конфузии поради светскиот ден на шегата, а она што се случило во Романија е навистина неверојатно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Така за први април романскиот третолигаш Индустрија Галда со помош на локален портал одлучи да се пошегува со својот тренер.

Објавено е дека му е врачен отказ после три порази во три натпревари, а несреќниот човек тоа го сфатил сериозно, ги спакувал куферите и заминал од клубот.

На крајот му се јавиле да му кажат дека тоа е само првоаприлска шега. Тој сепак не го предводеше тренингот на клубот и нема да биде на клупата на утрешниот натпревар против Кугира, но се очекува негово враќање во клубот.

Неверојатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР е скапа играчка: Еве колку потроши ФФМ за Македонија да го има (Видео)

Проект лидерот Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што детално зборув…