Дома Фудбал Англија Клоп се прости од Мане: Треба да бидеме среќни што го имавме

Клоп се прости од Мане: Треба да бидеме среќни што го имавме

Саднио Мане го напушти Ливерпул и го комплетираше трансферот во Баерн Минхен.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп имаше само убави зборови за Сенегалецот, кого го смета еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул.

 „Во ваков момент треба да изразиме благодарност кон Садио и да ја потврдиме љубовта кон него. Тој го напушта Ливерпул како еден од најдобрите во клупската историја и точно е дека заминува кога е еден од најдобрите светски фудбалери“.

„Не треба да жалиме што го загубивме, туку да бидеме среќни дека го имавме изминатите сезони. Со головите и освоените трофеи тој си заслужи статус на легенда, Садио го направи овој тим подобар уште кога првпат стапна на теренот“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо: Да не беше Спортинг ќе работев во Мекдоналдс, морам да се оддолжам на тој клуб

Додека се шпекулира каде Роналдо би можел да игра во следната сезона, тој самиот откри во …