Дома Фудбал Англија Клоп: Нема да донесеме нови засилувања

Клоп: Нема да донесеме нови засилувања

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп тврди дека клубот нема да донесе нови засилувања во овој преоден рок.

Премиер лигата започнува утре, а Црвените во првото коло гостуваат кај Норвич. Поранешниот англиски првак го донесе само стоперот Ибрахим Конате, додека од екипата замина Вајналдум и тоа како слободен играч во ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Лето е, преоден рок, сите очекуваат нови играчи. Ќе видиме што ќе се случи. Ајде да го погледнеме нашиот состав. Сакам ли нов бек? Нов голман? Тука веќе имаме добри играчи. Во средината имаме искусни играчи како Тиаго, Фабињо, Хендерсон, Окс и Кеита.“ – рече Клоп и додаде:

„Покрај нив се талентираните Елиот и Џонс. Во нападот ги имаме Мане, Фирмино, Салах, Жота, Минамино и Ориги.“

Останува да видиме дали овој состав на Ливерпул ќе биде конкурентен во борбата за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пандев: На ЕП 2021 отидовме како растурена банда, без селектор подобро ќе игравме!

Горан Пандев, кој денес ја извршува функцијата директор во македонската репрезентација, го…