Дома Фудбал Англија Клоп: Некој сака да се поништи сезоната? Тоа не е фер

Клоп: Некој сака да се поништи сезоната? Тоа не е фер

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп стравува дека Премиер лигата може да биде поништена во која неговиот тим е на чекор до титулата.

Црвените имаат 25 бода повеќе од Манчестер Сити и се на прагот од освојување на титулата, но поради пкоронавирусот фудбал не се игра повеќе од два месеци. Англичаните се надеваат дека ќе продолжат во јуни, но и натаму е под знак прашалник.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Клоп е свесен дека постои шанса и за она најлошо сценарио според кое сезоната може да биде поништена без неговиот тим да ја освои титулата.

„Постојат коментари дека некои луѓе сакаат сезоната да биде поништена. Одигравме 76% од сезоната и ти едноставно сакаш тоа да го избришеш? Мислам дека тоа нема да биде фер.“ – изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бенитез за трансферот на Александар Исак: Ќе ви откријам една тајна

Поранешниот тренер на Ливерпул и Њукасл, Рафаел Бенитез (65), ги сподели своите сознанија …