Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп е заинтересиран за играчот за врска на Шефилд Јунајтед, Сандер Берге.
Шефилд е најслаб тим во Премиер лигата и готово сигурно ќе се пресели во втората лига, па Клоп сака да ја искристи ситуацијата и за помала сума да го донесе Берге.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул може да го купи Норвежанецот за 26 милиони фунти.
Минатото лето Шефилд плати рекордни 22 милиони фунти на Гент за да го донесе играчот за врска.
Берге веднаш се прилагоди во Премиер лигата и Клоп смета дека би бил идеална замена за Вајналдум, кој на лето ќе го напушти „Енфилд“.