Дома Фудбал Англија Клоп за голот од корнер: Во повеќе држави тој гол ќе беше поништен (ВИДЕО)

Клоп за голот од корнер: Во повеќе држави тој гол ќе беше поништен (ВИДЕО)

Ливерпул денес дојде до важни три бода во трката за титулата шампион во Премиер лигата.

„Црвените“ на „Енфилд“ го победија Барнли со 4:2, но Барнли им создаде сериозни проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот стратег, Јирген Клоп после натпреварот истакана разочарување поради тоа што судиите го признаа првиот гол на Барнли.

Вествуд го отвори резултатот во шестата минута со гол од корнер, Тарковски му пречеше на голманот Алисон, но судиите не се огласија.

„Тој гол во повеќе држави би бил поништен. Не можеш да го спречуваш голманот да дојде до топката“, гласеше коментарот на Клоп за првиот погодок на Барнли.

Потоа Клоп продолжи да зборува за натпреварот…

„Имавме повеќе шанси, но тие играа многу добро во дефанзива. Имавме 3:1 и не успеавме мирно да го приведеме натпрарот кон крај, тоа сигурно не е добро. Потребни ни беа трите бода, за среќа ги освоивме. Гол-разликата исто така е важна, но што можеш да направиш кога ќе примиш таков гол? Можев ли да кажам да играат подобро во одбраната? Не, тоа не беше можно“, изјави Клоп.

Ливерпул со денешната победа дојде на еден бод од лидерот на Манчестер Сити на осум кола пред крајот на Премиер лигата. Во наредното коло избраниците на Јирген Клоп ги очекува натпревар против Фулам кој се наоѓа во долниот дел на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…