Дома Трансфер зона Клаудио Браво повеќе не е голман на Манчестер Сити

Клаудио Браво повеќе не е голман на Манчестер Сити

Чилеанскиот голман Клаудио Браво од денес повеќе не е член на Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Браво на „Етихад“ пристигна пред четири години од Барселона за 18 милиони евра, но баш и не се наигра во овој клуб.

Откако пристигна Едерсон Браво стана резервен голман, а Сити денес и официјално потврди дека соработката помеѓу нив е завршена и дека Браво е слободен играч.

Овој 37 годишен играч не сака да ја заврши кариерата и во овој момент најмногу се поврзува во Шпанија. Сепак, во овој момент конкретни понуди за него се уште нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…