Поранешниот фудбалер на Наполи, Езекиел Лавеци веќе неколку години игра во Кина во дресот на Хебеи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лавеци најдобрите денови од својата кариера ги помина играјќи за Наполи и ПСЖ, а на почетокот на 2016 година ги изненади сите со одлуката кариерата да ја продолжи во далечната Кина.
Овој 34 годишен фудбалер веќе скоро четири години настапува во Кина, а денес беше стрелец против Гвангжу. Неговиот тим славеше со 3:1, а после натпреварот Лавеци се најде во центарот на вниманието.

После натпреварот Лавеци изјави дека на крајот на оваа година заминува во пензија. Договорот на Лавеци истекува на крајот на годината, а после истекот на истиот ќе стави крај на кариерата.
Навивачите на Хебеи истакнаа транспарент со неговиот лик на кој пишуваше: Легендите никогаш не умираат, ти никогаш нема да бидеш заборавен.