Дома Трансфер зона Кимпембе го напушта ПСЖ, Јувентус спреми понуда

Кимпембе го напушта ПСЖ, Јувентус спреми понуда

Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе ќе биде ставен на трансфер пазарот, пренесуваат француските медиуми.

Раководството веќе му порачало дека може да си бара нов клуб, а ПСЖ очекува за неговиот потпис да добие 50 милиони евра.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Најсилен интерес за него покажува Јувентус, кој во Кимпембе гледа идеална замена за Де Лихт, кој е на излезна врата.

Ова ќе биде првата изненадувачка одлука на новиот директор Луис Кампос, бидејќи Кимпембе е дете на клубот и еден од капитените.

ПСЖ е во напредни преговори со Интер за трансфер на Милан Скриниар, па „светците“ сметаат дека за Кимпембе повеќе нема да има место во тимот.

Покрај Јувентус интерес за Французинот покажуваат и некои клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…