Дома Фудбал Кек: Поразите не се слават

Кек: Поразите не се слават

Португалија се пласираше во четвртфиналето на ЕП во Германија откако во осминафиналето во Франкфурт со подобро изведување пенали ја совлада Словенија со 3:0. Немаше голови во основните 90 минути, како и во продолженијата.

Јунак на натпреварот беше португалскиот голман Диого Коста, кој ги одбрани првите три словенечки пенали на Јосип Иличиќ, Јуре Балковец и Бенјамин Вербич. Од друга страна Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва беа сигурни.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


За Словенија пласманот во осминафиналето е веќе најголем успех, бидејќи до овој турнир во три обиди, на два мундијали и на едно ЕП, не ја помина групата. Словенечкиот селектор Матјаж Кек со изјава по натпреварот:

“Кога ќе изгубите на пенали против тим како Португалија, постои одредено жалење. Поразите не се слават. Ова беше вистински натпревар со несреќен крај. Горд сум што водам момци со карактер“.

Словенечкиот голман Јан Облак додаде:

“Кога ќе го видите сето тоа, сè е уште потешко. За жал, не заврши како што сакавме. Нашите навивачи беа неверојатни, па уште потешко ми е што не успеавме. Ни недостигаше малку среќа .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез не може да запре: Реал Мадрид купува една од најдобрите „деветки“ во светот

„Скај спорт“ тврди дека Реал Мадрид е еден од големите клубови кои ќе ја следат ситуацијат…