Дома Топ вести Кварацхелија го шокира Наполи со своите барања

Кварацхелија го шокира Наполи со своите барања

Квича Кварацхелија оваа сезона блеска во дресот на Наполи и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за Грузиецот, но Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот.

Меѓутоа,  Кварацхелија бара од раководството плата од осум милиони евра по сезона за да го потпише новиот договор.

Според информациите, Наполи не е подготвен да му понуди на 23-годишниот играч повеќе од шест милиони евра годишно па преговорите не течат добро.

Актуелниот договор на Грузиецот истекува во 2027 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…