Дома Фудбал Англија Каталонците ги исплашија „ѓаволите“: Погледнете каков договор добива Херера!

Каталонците ги исплашија „ѓаволите“: Погледнете каков договор добива Херера!

Шпанскиот фудбалер Андер Херера би можел да стане еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед од наредната сезона.

Договорот на Херера истекува наредното лето, а интерес за неговите услуги покажа Барселона. Токму интересот од Барселона веројатно е главната причина поради која Манчестер Јунајтед спрема нов договор за одличниот фудбалер.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Имено, Херера би требало да потпише нов договор според кој би заработувал 200.000 фунти неделно, плус бонуси. Значи, тоа би го направило еден од најплатените фудбалери на клубот и сигурно дека би било доволно за тој да остане на „Олд Трафорд“.

Да потсетие, тој минатата сезона одигра 31 натпревар, постигна еден погодок и запиша шест асистенции. Херера во Јунајтед пристигна во летото 2014 година од Атлетик Билбао за 36 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ: Не тагувај што заврши, радувај се што траеше

Лука Модриќ синоќа се прости од Реал Мадрид во победата над Сосиедад со 2:0 во последното,…