Дома Трансфер зона Кариус пред трансфер во Баерн Минхен

Кариус пред трансфер во Баерн Минхен

Изненадувачка вест ни пристигнува од Германија – Лорис Кариус може да направи трансфер во Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да добро прочитавте, Кариус кој во фудбалскиот свет веќе стана синоним за голмански киксови може да потпише за актуелниот европски и светски шампион.

Ваквата сензационална вест доаѓа од Германија. Кариус во овој момент брани за Унион Берлин, а во Баерн би можел да се пресели за два милиони евра. Во Минхен тој би пристигнал за да биде резерва на Мануел Ноер.

Актуелниот втор голман на Баерн Александер Нубел сака да замине на позајмица за поголема минутажа, па раководството на Баерн во Кариус гледа решение за ваквата ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…