Дома Ракомет Карачиќ претставен во Кјелце: Балгодарам Скопје, отварам ново поглавје (ВИДЕО)

Карачиќ претставен во Кјелце: Балгодарам Скопје, отварам ново поглавје (ВИДЕО)

Tимот на Кјелце денес официјално го претстави вардарецот Игор Карачиќ.

Карачиќ после цели седум години си замина од Вардар и потпиша договор на три години со шампионот на Полска.

Во Кјелце Карачиќ ќе го носи дресот со број пет кој досега беше во сопственост на Михаил Јурецки.

Карачиќ на претставувањето се заблагодари на сопственикот Сергеј Самсоненко и клубот за како што самиот кажа прекрасните години поминати во Скопје.

„Во Скопје поминав седум прекрасни години. Благодарен сум на претседателот Самсонеко и соиграчите. Исто така благодарам и на претседател Серевес и мојот менаџер за трансферот во Кјелце. Отварам ново поглавје во мојата кариера. Среќен сум и сакам да освојувам трофеи со Кјелце“, изјави Карачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Гидсел брои до 65, Вардар има голман во топ 10 во Лигата на шампионите

Матијас Гидсел има 17 гола предност на врвот на листата на стрелци, додека Милош Валах од …