Дома Фудбал Останато Камбијасо: Поради Џеко никој не се сеќава на Лукаку

Камбијасо: Поради Џеко никој не се сеќава на Лукаку

Ромелу Лукаку минатото лето го напушти Интер и премина во Челзи во трансфер вреден 115 милиони евра.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Интер се реши да го продаде Лукаку поради тешката финансиска ситуација, а како негова замена пристигна Џеко кој игра одлично. На 11 натпревари за Интер Џеко постигна седум голови што е и повеќе од добар учинок.

Поранешниот фудбалер на Интер, Естебан Камбијасо кој ја освои легендарната триплета во генерацијата на Пандев во 2010 година исто така е воодушевен од босанскиот напаѓач.

„Џеко повторно постигна гол (против Шериф). Поради неговите добри настапи никој повеќе не се сеќавана Лукаку. Не само поради головите, туку и поради играта. Сепак, да почекаме да видиме како ќе биде до крајот на сезоната“, изјави Камбијасо.

Покрај головите Џеко на своето конто има и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во Реал: Мбапе обвинет дека е „лош соиграч“ – предизвикал инцидент на тренинг

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе предизвикал скандал во Реал Мадрид, а тоа ги налутило д…