Дома Останати Тенис Калин стартуваше нов турнир во Тунис, се пласираше во осминафиналето

Калин стартуваше нов турнир во Тунис, се пласираше во осминафиналето

По поразот пред неколку дена во финалето Калин Ивановски започна нов турнир во Тунис и се пласираше во осминафиналето.

Најдобриот македонски тенисер славеше победа против Ендрју Роџерс со 6:3 и 6:3 и така ја оправда фаворитската улога. Калин важеше за фаворит затоа што е прв носител на турнирот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во осминафиналето противник на Калин ќе биде полскиот тенисер Олаф Печковски.

Во финалето на претходниот турнир кој имаше награден фонд од 15.000 долари Ивановски беше поразен со 1:2 во сетови од домашниот тенисер Моез Ечаргуи.

Сепак и тој пораз беше доволен за да скокне девет места на АТП листата и сега е на 534. место што е негов најдобар пласман во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер во Мадрид може да постави неверојатен рекорд во светскиот тенис каков што нема никој друг!

Фантастичниот Јаник Синер, кој е прв на светската тениска ранг-листа, има можност да стане…