Дома Останати Тенис Калин со победа во два сета до полуфинале во Србија!

Калин со победа во два сета до полуфинале во Србија!

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман помеѓу најдобрите четворица на турнирот во Србија во Куршумлиска Бања кој се игра на земјена подлога.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонецот против Либанецот, Хди Хабиб дојде до победа во меч кој траеше еден час и 44 минути.

Двата тенисери во првиот сет освоија по еден брејк, но ниту еден од нив не создаде предност, па се решаваше во тај-брејк. Поведе Либанецот со 5:1, но Калин успеа да се врати и со 8:6 го доби сетот.

Ивановски во вториот сет брзо поведе со 3:1, меѓутоа и го загуби својот сервис, сепак со вториот брејк во овој сет во 12-тиот гем дојде до освојување на сетот со 7:5 и победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Немаше среќа, ужасен ждреб за Ѓоковиќ на Ролан Гарос!

Противник на стартот му е Џовани Мпечи Перикард, одличниот сервер од Франција, а ниту пона…