Дома Македонски спорт Калин без загубен гем до четвртфинале!

Калин без загубен гем до четвртфинале!


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Без ниту еден загубен гем најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до четвртфиналето откако за 53 минути игра го совлада Хрватот Ален Бил со 2-0 во сетови (6:0 6:0). Тој утре за противник ќе го има Мирза Башиќ од БиХ, кој со 2-1 во сетови денеска го победи Петр Нестеров од Бугарија.

За Ивановски денешниот меч беше еден вид тренинг особено што мечот траше помалку од еден час. За доминацијата на Калин најдобро зборува податокот што скорот на освоени поени беше 52:20, со искористеност на брејк топки 6/9, додека Бил немаше ниту една брејк топка во мечот.

Двојки за четвртфиналето:

Калин Ивановски (4) – Мирза Башиќ

Миљан Зекиќ (1) – Ерги Киркин (5)

Неил Оберлеитнер – Саша Вајенбург (3)

Вито Тонејц – победникот Лазар Војиновиќ / Тоби Мартин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија од трет шешир ќе ги добие противниците во Лигата на нации

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Фудбалската репрезент…