Наскоро во јавноста ќе биде промовирана автобиографската книга на Џермејн Пенант, а во медиумите веќе започнаа да се појавуваат интересни делови од истата.
Пенант за медиумите откри кој е најлудиот момент кој му се случил на фудбалскиот терен. Имено, тој при еден момент играјќи за Бирмингам имал прилика да игра против Ливерпул, а при тој момент на сред натпревар Стивен Џерард побарал број од неговиот агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најлудиот момент на фудбалскиот терен ми се случи кога Стивен Џерард го бараше бројот на мојот агент на сред натпревар“.
„Тој беше еден од моите херои, капитен на Ливерпул, клуб за кој навивав од мали нозе. Тоа беше тим за кој сонував да играм, а Џерард сакаше да го добие бројот на мојот агент во текот на натпревар. Бев на средина на теренот, блиску до Џерард со кој претходно никогаш не сум разговарав и тој ми довикна: Кој е бројот на твојот агент? Си помислив, Што? Тоа е лудо. Дури и го прашав Зошто? Го знаеш ли? Ти требаат детали? Ќе ти кажам се за него! Израснав како навивач на Ливерпул и секако дека сакав да играм за тој клуб“, открива Пенант.
Тој потоа пристигна во Ливерпул, но не ги исполни во целост очекувањата, па беше испраќан на бројни позајмици.