Дома Топ вести Како никогаш претходно: Во Ла Лига ќе се одиграат 110 натпревари за 39 дена!

Како никогаш претходно: Во Ла Лига ќе се одиграат 110 натпревари за 39 дена!

Веќе е познато кога екипите од Ла Лига ќе ја продолжат сезоната. Лигата продолжува на 11. јуни со дербито на Андалузија помеѓу Бетис и Севиља.

Од 11 јуни до 19 јули натпревари од шпанското првенство ќе има секој ден и ќе се одиграат дури 110 натпревари во 39 дена. Календарот се уште не е официјално објавен меѓутоа многу простор нема, па горе-долу познато е како се ќе биде одиграно.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради високите температури ќе има промена во некои термини, најголем дел од натпреварите ќе се играат навечер, исклучок ќе бидат клубовите кои се во северниот дел од Шпанија.

Многу често клубовите ќе играат два пати неделно и сигурно дека многу од екипите, посебно оние помалите не се навикнати на ваков ритам па останува да видиме какви ќе бидат нивните резултати.

До крајот на првенството во Шпанија останаа уште 11 кола и голема борба за титулата до крај се очекува да водат Барселона и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…