Дома Трансфер зона Каземиро решен да остане на „Олд Трафорд“

Каземиро решен да остане на „Олд Трафорд“

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Каземиро е решен да се бори за своето место во тимот и ќе остане на „Олд Трафорд“.

Интерес за 32-годишниот Бразилец има од Галатасарај, а преодниот рок во Турција се затвора следната недела.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Бразилецот имаше силна прва сезона на „Олд Трафорд“ откако пристигна од Реал Мадрид во 2022 година. Сепак, минатата сезона не беше толку успешна и оваа ја започна лошо па стана мета на критики.

Со доаѓањето на Угарте неговата минутажа значително ќе се намали,но сепак Каземиро е решен да ги одбие сите понуди и да остане во Манчестер Јунајтед.

Каземиро е најплатен играч кај „црвените ѓаволи“ и има неделна плата од 375.000 фунти, а таа плата не може да му ја гарантира ниту еден друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мудрик го напушта Челзи, познат и фаворитот да го доведе?

Украинецот Михајло Мудрик во редовите на Челзи пристигна во 2023 година и од него очекувањ…