Дома Трансфер зона Кавани го напушта ПСЖ и прави тандем со Карлос Тевез

Кавани го напушта ПСЖ и прави тандем со Карлос Тевез

cavani

Едисон Кавани пред неколку дена замина во родниот град Салто, кој се наоѓа на границата помеѓу Аргентина и Уругвај.

Во зависност од тоа колку ќе трае пандемијата со коронавирусот, лесно може да се случи Кавани повеќе да не го облече дресот на ПСЖ со оглед на тоа дека договорот му истекува на лето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според уругвајските медиуми, Кавани за следна дестинација ја одбра Аргентина и легендарниот Бока Јуниорс, каде би играл во тандем со Карлос Тевес.

Со оглед на тоа дека на Уругваецот му истекува договорот набрзо, тоа ги охрабри челниците на клубот од Буенос Аирес да тргнат по најдобриот напаѓач во историјата на ПСЖ со 200 постигнати погодоци.

Кавани е во Европа од 2007. година кога пристигна во Палермо. Во меѓувреме беше член и на Наполи. После повеќе од десет години играње на европскиот континент се чини дека одлучил да се врати дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…