Фудбалерите на Манчестер Јунајтед минатиот викенд на домашен терен го совладаа Тотенхем со 1:0 во дербито од десетото коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ успеаа да дојдат до нови три бода, но навивачите на овој клуб не се задоволни од играта на својата екипа. Многумина веруваат дека тактиката на Жозе Мурињо е премногу дефанзивна, што најмногу му смета на играта на Лукаку, скапото засилување од Евертон.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Меѓутоа, на португалскиот стратег најважно му е неговата екипа да освојува бодови, а познато е дека тој не обрнува многу внимание на критичарите. Но, поранешниот играч на Јунајтед, Гери Невил верува дека Мурињо е вистински тренер за овој клуб, и дека сите мораат да се навикнат на неговата работа.
„Покетино и Клоп имаат репутација како тренери кои го сакаат напаѓачкиот фудбал. Но, Мурињо е повеќе како Мејведер кој понекогаш го сметаат за досаден боксер. Тој дефанзивата ја користи како свое оружје и никој тоа не знае како треба. Мурињо влегува во главите на противниците и ја решава работата. Ако дозволите тоа да ви го направи и вас, тогаш вас ве нема никаде. Заслужува многу повеќе внимание и сигурен сум дека тоа на сите ќе им го докаже и овој пат“, изјави Невил.