Дома Фудбал Италија сериозно ослабена против Хрватска? Tутоспорт го објави составот

Италија сериозно ослабена против Хрватска? Tутоспорт го објави составот

ХРВАТСКА и ИТАЛИЈА од 21:00 часот во Лајпциг во третото, последно коло од групата, ќе одиграат решавачки натпревар за двете репрезентации.

Бронзените од Мундијалот по два натпревари – пораз од Шпанија (0:3) и нерешено со Албанија (2:2) имаат само еден бод и се последни на табелата, додека актуелниот европски првак е втор и има три бодови откако ја победија Албанија (2:1) и загубија од Шпанија (0:1).


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Лучијано Спалети има огромни проблеми при составувањето на тимот за решавачкиот натпревар. Овој клучен натпревар ќе го одигра со екипа која никогаш не играла во овој состав. Тутоспорт наведува дека ова е очекуваниот тим кој ќе се соочи со Хрватска:

Донарума – Ди Лоренцо, Бастони, Калафиори, Дармијан – Жоржињо, Кристанте – Киеза, Барела, Камбијасо – Ретеги.

Значи недостигаат тројца клучни играчи: левото крило на Интер Федерико Димарко, како и неговиот клупски соиграч Давиде Фратеси. Освен нив, го нема и Лоренцо Пелегрини од Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот прволигаш кој освои трофеј во 2017 година е пред згаснување

Холандскиот прволигаш Витесе ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, …