Дома Фудбал Италија Италија во солзи: Астори денес требаше да потпише нов договор!

Италија во солзи: Астори денес требаше да потпише нов договор!

Италија, но и целиот фудбалски свет е потресен од трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Вчера беа одложени сите натпревари во Серија А, а претседателот на Фиорентина, Адреа Дела Вале откри дека Астори денес требало да потпише нов четиригодишен договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Навистина е тешко да се стои тука пред новинарите, ова е трагедија од огромни размери. Моите мисли се со неговото семејство и сите негови блиски. Со голема тага ви откривам дека дека Астори веќе во понеделник требаше да го потпише новиот договор. Ќе го потпишевме во четвртокот но се беше одложено поради лошото време. Навистина сум во шок, тој беше вистински пример како на теренот, така и надвор од него“, изјави Дела Вале.

Италијанските медиуми се присетија на последната изјава која ја даде Астори за медиумите, пред две недели, во која со радост открива дека е постигнат договор за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…