Дома Фудбал Италија Италијанците тврдат: Причината за смртта на Астори не е срцев удар

Италијанците тврдат: Причината за смртта на Астори не е срцев удар

Според најновите информации на италијанските медиуми, Давиде Астори не починал како последица од срцев удар.

Откако Астори беше пронајден мртов во хотелска соба, првите прогнози беа дека смртта настапила поради срцев удар, но италијански „Раи“ денес објави дека причина за трагичната смрт на фудбалерот е излив на крв во мозокот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


31 годишниот Астори почина во сон ноќта помеѓу саботата и неделата, а бил пронајден утрото откако не се симнал на појадокот и не одговорал на повиците.

По трагичниот настан претседателот на Фиорентина откри дека Астори денес требало да го потпише новиот договор со кој би ја завршил кариерата во Фиренца.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…