Дома Трансфер зона Интер тргнува по бекот на Барселона

Интер тргнува по бекот на Барселона

Раководството на Интер стапило во контакт со Барселона за да побара информации за евентуален трансфер на Нелсон Семедо, тврдат каталонските медиуми.

Минатото лето Семедо имаше многу понуди, вклучително и таа на Пари Сент Жермен, но одлучи да остане на „Камп Ноу“, а Барса беше одлучна во намерата да го задржи.

Сега ситуацијата се пормени, Барса спрема големи промени на лето и е спремна да се раздели со португалскиот бек.

Семедо пристигна на „Камп Ноу“ во 2017 година од Бенфика за 30 милиони евра со бонуси, па целата сума може да достигне до 50 милиони евра.

Поради тоа Барселона за неговата слобода ќе бара најмалку 30 милиони евра, па останува да видиме дали Интер е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мартин Брајтвајт – уште една во низата грешки на Барселона

Мартин Брајтвајт е уште еден во низата лоши потези на управата на Барселона. Каталонскиот …